Бајден пред камери ја прими и втората доза на вакцината против корона

by Фокус

Избраниот американски претседател Џо Бајден ја прими втората доза на вакцината на Пфизер/БиоНТецх против ковид-19 во живо на телевизиски пренос во болницата во Делавер.

-Мојата главна задача е да осигурам луѓето да ја примаат вакцината што е можно поскоро – рече идниот демократски претседател.

Првата доза на вакцината Џо Бајден ја прими на 21 декември, која исто така беше емитувана во живо на телевизија.

Поврзани новости