Бајден: Постои силна врска меѓу САД и Бразил

by Fokus

Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа телефонски разговараше со победникот на претседателските избори во Бразил, Луис Игнасио Лула да Силва и му кажа дека постои „цврста врска“ меѓу двете земји, соопшти Белата куќа.

Лула да Силва, претставник на левицата, го победи во вториот круг од изборите актуелниот претседател Жаир Болсонаро, претставник на тврдата десница кој не успеа да освои втор петгодишен мандат.

Двајцата претседатели рекоа дека како партнери ќе се справат со заедничките предизвици како што се климатските промени, безбедноста на храната, промовирањето на демократијата и вклученоста и управувањето со регионалната миграција, се вели во соопштението.

Лула да Силва двапати беше претседател на Бразил.

Поврзани новости