Бајден полни 80 години, денеска сопругата организира прослава

by Fokus

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска полни 80 години и ќе стане првиот претседател во историјата на САД кој владее во деветтата деценија од животот.

Во Белата куќа вчера се одржа венчавката на внуката на претседателот, а веќе денеска, во чест на роденденот на Бајден, неговата сопруга Џил организира прослава.

Американската 250-годишна демократија и американската култура ја слават младоста, но милиони Американци, вклучително и претседатели, активно работат и по 65-годишна возраст, многу над возраста за пензионирање.

Поврзани новости