Бајден планира да го задржи Реј како директор на ФБИ

by fokus

Американскиот претседател Џо Бајден планира да го задржи Кристофер Реј на позицијата директор на ФБИ, јави денеска Си-Ен-Би-Си повикувајќи се на извори во Белата куќа.

Реј беше назначен за 10-годишен мандат од поранешниот претседател Доналд Трамп во 2017 година.

Портпаролот на Белата куќа, Џен Псаки на вчерашната прва прес-конференција, на прашањето дали Бајден има доверба во Реј, таа одговори дека не разговарала за тоа прашање со новиот претседател.

Поврзани новости