Бајден и официјално победи во Џорџија

by fokus

Државниот секретар на Џорџија Бред Рафенспергер официјално ја потврди тесната победа на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден пред актуелниот претседател Доналд Трамп во таа сојузна држава.

По рачното пребројување на гласовите, Бајден во Џорџија победи со 12.284 гласови, пренесува Би-Би-Си.

Рафенспергер, кој е републиканец, претходно даде две спротивставени изјави за исходот на изборите.

Откако рече дека рачното пребројување на гласовите покажа дека Бајден победил во Џорџија, еден час подоцнарече дека резултатите допрва треба да бидат потврдени, наведува Си-Ен-Ен.

Бајден е првиот демократски претседателски кандидат што победил во Џорџија од 1992 година.

Поврзани новости