Бајден е за решение на конфликтот меѓу Израел и Палестинците со две држави

by Fokus

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден е за решение на конфликтот меѓу Израел и Палестинците со две држави, изјави кандидатот на американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Блинкен го нагласи тоа за време на сослушувањето во Сенатот во Конгресот на САД за неговата кандидатура за државен секретар.

– Претседателот и јас се согласуваме за тоа прашање, имено единствениот начин на кој Израел може да ја гарантира својата иднина како демократска еврејска држава е Палестинците да ја добијат својата држава, што е нивно право, и тоа е т.н. решение за две држави, потенцира Блинкен.

Во исто време, номинираниот американски државен секретар Блинкен призна дека е нереално да се постигне решение за две држави во блиска иднина и ги повика Израелците и Палестинците да се воздржат од еднострани мерки што дополнително ќе го усложнат конфликтот.

Блинкен беше категоричен дека безбедноста на Израел ќе биде еден од главните приоритети на следната американска влада.

Поврзани новости