Бачев: Власта го губи компасот, на 30-ти септември заедно да бојкотираме

by fokus

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев кој е дел од Кризниот штаб против референдумот составен од повеќе од 70 организации ги повика граѓаните на бојкот и да не се плашат од притисоците и заканите што секојдневно на терен ги добиваат од власта оти после 30 септември марионетската власт ќе падне и ќе нема време да ги оствари заканите.

Власта го губи компасот и веќе почна дури и со ноторни лаги кои ја навредуваат интелегенцијата на народот дека Македонците ќе имале бесплатно здравство и образование во сите земји-членки на ЕУ иако на секој му е јасна оваа безобразна лага. Сите заедно, старо и младо, машко и женско да не излегуваме на гласање на 30 септември и да ја спречиме марионетската власт да избрише се што е македонско. Нашата борба е исправна, ние се бориме за опстанок на цел еден народ, нашата борба е света должност и затоа нашата заедничка одлука за бојкот и не излегување на референдумот на 30 септември ќе овозможи Македонија да победи – рече меѓудругото Бачев.

Поврзани новости