Бачев: СДСМ и ДПМНЕ се договорија да вработат свои членови во МВР

by fokus

Претседателот на Народното движење за Македонија, Јанко Бачев, денеска одржа прес конеференција на која обвини дека четирите политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА тајно се договориле за вработување на 600 полицајци во МВР.

-Јавноста не знае за џентлменски договор со кој партиите се согласиле од шестоте нови полициски службеници, 25 проценти да бидат вработени преку ДУИ и ДПА, а останатите преку СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, со што МВР станува приватна фирма и партиски штаб поделен меѓу власта и опозицијата, рече Бачев.

Тој додаде дека партиите потписнички на договорот за решавање на политичката криза, работат за лични интереси и го свеле Министерството за внатрешни работи на проценти со што ја загрозуваат безбедноста на државата.

Поврзани новости