Бачев: Одлуката за распуштање на парламентот е противуставна

by fokus

Народно движење за Македонија, денеска поднесе Иницијатива до Уставниот суд за поништување на Одлуката за распуштањето на Собранието на Република Македонија, бидејќи според нив, одлуката е противуставна.

-Иницијативата се поднесува од две причини. Првата се сведува на фактот што Собранието го прекрши рокот за распуштањето. Имено, член 63 став 3 од Уставот е многу јасен и прецизен бидејќи утврдува точен рок за избор на пратеници во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието, кој не трпи одлагање или поставување на дополнителен рок. Уставот целосно ја уредува положбата и надлежноста на Собранието и не дозволува тие прашања да бидат уредувани со закон. Собранието е уставна, а не законска материја, што значи дека самото Собрание не може да ја проширува неуставно својата надлежност и да одлучува на поинаков начин, односно, надвор од она што е регулирано во самиот Устав по однос на рокот за неговото распуштање и работа. Втората причина е во врска со неусогласувањето на шесттата изборна единица каде бројот на гласачите е за 5,28 отсто поголем споредено со другите изборни единици, образложи претседателот на НДМ, Јанко Бачев.

Поврзани новости