Бачев: Лага е дека бојкот на референдумот ќе се смета за прифаќање на договорот со Грција

by fokus

Најновата лага од марионетската власт е дека и во случај на масовен бојкот на референдумот, тоа ќе се сметало за прифаќање на капитулантскиот договор со Грција за промена на името и затоа граѓаните требало да гласаат на референдумот за да се постигне законскиот цензус на излезност, велат од партијата „Единствена Македонија“, на Јанко Бачев.

Од таму го повикуваат македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија да не наседнуваат, како што велат, на овие лаги на пучистичката власт во Скопје.

„На пучистичката власт и се ближи крајот и на денот на референдумот масовно да не излегуваат и да бојкотираат, со што, ќе се смета дека референдумот не успеал штом нема потребна излезност. Со неизлегувањето и бојкот на референдумот се спречува геноцидниот проект за промена на името и идентитетот на македонскиот народ, а пучистичката власт во Скопје со нејзините антимакедонски политики се доведува во ситуација да се срамат од неа и нивните поколенија“, соопштија од таму.

Поврзани новости