Бачев ги запознава уставните судии со иницијативата за Иванов

by Фокус 10:24
10:24

Народно движење за Македонија на Јанко Бачев денеска до Уставниот суд ќе поднесе допис за запознавање на сите судии во судот со нивната иницијативата за поведување на постапка за утврдување на спреченост на претседателот Ѓорге Иванов да ја врши функцијата.

Ова следува откако во јавноста излегоа информации за скандалозното постапување на поединци во Уставниот суд со кое иницијативата на НДМ всушност била сокриена и воопшто не им била доставена на уставните судии за расправање.

Оттука не се знае кој одлучил во име на судот кога пред три дена партијата на Бачев доби известување дека судот нема да расправа за иницијативата.

Поврзани новости