ВИДЕО Азманов на распит за „Рекет“: Дојдов по покана на обвинителството

by fokus 13:08
13:08

Бизнисменот Зоран Азманов пристигна во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде што треба да даде исказ за случајот „Рекет“.

Тој не сакаше да даде изјава за медиумите, коментирајќи дека доцни, и треба да влезе, а изјавата ја најави по завршувањето на распитот. Тој единствено одговори дека е дојден по покана на Обвинителството, а не самоиницијативно.

- Advertisements -

Азманов кој е сопственик на градежната компанија „Настел“, се препукуваше со Јовановски уште пред да биде обелоденет случајот „Рекет“.

Бизмисменот Азманов го обвинуваше Јовановски дека му барал 50.000 евра за да не ја емитува „Инсајдер“.

Во моментот во обвинителството исказ дава Агапи Дика, претседател на Собранието на Меѓународниот сојуз на Боки 13.

Овие лица се статус лица од кои може да се добијат потребни и информации, што значи дека засега не се ниту класични сведоци ниту осомничени.

Во случајот „Рекет“ засега осомничени се Бојан Јовановски, Зоран Милевски Кичеец и Катица Јанева.

В.В.

Поврзани новости