Автомобил во кој се превезувале 8 пакистански државјани излета од пат

by fokus

Автомобил, во кој се превезувале дури осум пакистански државјани, излетало од патот додека се движело на регионалниот пат Куманово-Скопје, при што патниците се здобиле со телесни повреди.

-На 22.12.2017 година околу 23.45 часот на регионалниот пат Куманово-Скопје кај с.Никуштак, во близина на месност викана „Ѓубриште“ се случила сообраќајна незгода во која возило „Опел Вектра“ управувано од непознат возач во кое се превезувале осум пакистански државјани, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил палестинскиот државјанин А.М.(33), а кај останатите се уште не е утврден карактерот на повредите. Сите пакистански државјани се пренесени и задржани во Ургентен центар-Куманово.Увид на лице место извршилеа екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово, информираат од МВР.

Поврзани новости