Автомобил удрил во запрежна кола, тешко повредени двајца малолетници

by Fokus

Автомобил удрил во запрежна кола во која биле двајца малолетници, од кои и двајцата завршиле со тешки повреди, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 20.10 часот на регионалниот пат Куманово- Липково патничко возило „Фолксваген Туарег“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Џ.А.(51) од с.Липково, удрило во запрежно возило во кое бил А.М. (17) од с.Лопате, кумановско и 14-годишник од С.Слупчане, општина Липково. Од ударот со повреди се здобиле двете лица од запрежното возило.  Тие биле пренесени во Ургентен центар Куманово. Кај А.М. биле констатирани телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување, додека кај 14-годишникот биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Поврзани новости