Автомобил прегазил четиригодишно дете кое со тешки повреди завршило на клиники

by Fokus

Автомобил прегазил четиригодишно дете кое со тешки повреди завршило на клиники, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 22.10 часот на бул. „Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „Киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Р. (59) од Скопје, удрило во четиригодишно дете. Од ударот момчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесно во комплексот клиники „Мајка Тереза“ –Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости