Автомобил прегази двајца македонски државјани во Солун, 27-годишна девојка е во критична состојба

by fokus

Автомобил удри тројца пешаци во Солун, при што сите се пренесени во болница со тешки повреди, објави грчка Та Неа. Медиумите во Грција пишуваат дека двајца од повредените се македонски државјани.

Станува збор за повредени лица на 67 годишна возраст, на 63 години и едно лице на 27-годишна возраст кое имало повреди на главата и карлицата. Како што пренесуваат медиумите 27-годишната девојка е во критична состојба.

До несреќата дошло откако возачот на автомобилот изгубил контрола над возилото и удрил во пешачки остров, каде се наоѓале пешаците.

Сообраќајната полиција соопшти дека сообраќајката се случила во близина на ИКЕА, кон солунскиот аеродром.

 

Поврзани новости