Автобусот бил исправен, човечка грешка е причина за несреќата во Бугарија

by Фокус 10:28
10:28

Водечката верзија за несреќата со српскиот автобус синоќа на автопатот Тракија е човечка грешка, соопшти заменик-јавниот обвинител и директор на Националната истражна служба на Бугарија Борислав Сарафов.

-Ова е водечката верзија. Нема нерамнини на патот ниту на автопатот Тракија во Бугарија, немаше други пречки поради кои автобусот скршнал. Нема техничка неисправност што се случила ненадејно при движењето – рече Сарафов.

Според него, водечката верзија останува само човечка грешка, за која се собрани директни сведоштва од оние кои се возеле во автобусот.

-Возачот го сврти вниманието обидувајќи се да му помогне на еден од патниците да крене седиште – истакна тој.

Возачот на автобусот е Д.К. од Србија, кому му е одредена мерка задржување од 24 часа, соопшти утрово бугарската полиција.

Возачот наводно се здобил со полесни повреди и според се уште неофицијални информации има скршеница на раката.

Синоќа му биле тестирани алкохол и дрога, но двата резултати биле негативни.

Поврзани новости