Автобус со деца од Србија излета во Бугарија

by Фокус 21:06
21:06

Несреќа во која учествувал српски автобус со деца се случила на автопатот Тракија во Бугарија.

Според првичните информации, во несреќата со српскиот автобус на автопат во Бугарија, повредени се четворица возрасни и осум деца.

Тоа го изјави заменик-главен секретар на МВР на Бугарија, Станимир Станев.

Двајца се во тешка состојба – еден возрасен и едно дете, другите се со различни повреди.

Меѓу повредените е и возачот на автобусот.

Сите патници се државјани на Србија.

Несреќата се случила на 216 километри во правец на Софија, кај Стара Загора.

Децата биле учесници на фестивал во Несебар.

Поврзани новости