Автобус излета од пат во Словенија, најмалку тројца загинати

by fokus

Најмалку три лица загинаа, а повеќе се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утринава на Помурска магистрала во Словенија, а во која учествуваал автобус со странски регистарски таблички.

Според неофицијални информации, се работи за автобус со романски регистарски таблички. Поради оваа сообраќајка затворен е автопатот кон Мурска Собота, јави словенечката телевизија Н1.

Се уште не е позната причината за несреќата,пренесе Блиц.рс.

Поврзани новости