Автобус, автомобил и два мотоцикла се судрија на патот Гостивар-Кичево

by fokus

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера во 14.40 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Според полицијата дошло до судир помеѓу автобус, автомобил и два мотоцикла.

„Во судирот учествувале автбус непозната марка, патичко возило „Сеат Ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ч., мотоцикл „Јамаха“ со словенечка национална ознака, управуван од В.Р. (36) од Република Словенија и мотоцикл „Јамаха“ со словенечка национална ознака, управуван од С.Ш.(37) од Република Словенија. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.Ш., кој со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Медицински центар Гостивар, од каде по укажаната лекарска помош бил препратен во Клинички центар при комплексот клиники „Мајка тереза“-Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар“, велат од МВР.

Поврзани новости