Авто школите не сакаат одлагање, туку укинување на одредбата за камери

by Фокус

Демонстрантите од авто школите го продолжуваат протестот против законот со кој сите инструктори во своите автомобили мора да имаат инсталирано камери со кои ќе ги снимаат обкуите на кандидатите. Неофицијално, објавуваат медиумите, власта понудила да го одложи законот за една година, со што само би се смирил револтот на инструкторите, а тие од први јануари 2017 година повторно би морале да ги постават камерите и да снимаат.

– Ова не е трајно решение. Ние тука дојдовме затоа што не прифаќаме да ги снимаме обуките воопшто, а не само да се пролонгира законот за една година. Утре сме повторно на протест, на исто место во исто време, велат инструкторите.

Мал дел од инструкторите сакаа да ја прифатат одлуката и да го прекинат штрајкот, бидејќи, како што велат, власта имала поголеми работи во моментов со кои се занимавала, што останатите веднаш го одбија и се договорија да го продолжат протестот. По се изгледа дека протестите ќе продолжат и наредните денови. Инструкторите знаат дека во ова предизборно време е вистински да се притисне за да се издејствува нешто, во случајов измени во законот.

Поврзани новости