Австриските пожарникари им демонстрираа на Заев и Ангелов постапка за снабдување со вода на хеликоптерите

by fokus

Австриските пожарникари, над селото Будинарци, демонстрираа техничка постапка за снабдување со вода на хеликоптерите.

-Координирана средба од ЦУК и увид на терен каде се се уште активни пожарите на отворено, заедно со дел од државниот врв со премиерот Зоран Заев, директорот Стојанче Ангелов, со силите ангажирани за гаснење пожари од локалните самоуправи и од земјава и од странство.

Австриските пожарникари демонстрираа техничка постапка за правење базен на терен за снабдување со вода за гасење на хеликоптерите.
Водата од базенот на терен реално ќе се користи и сега при гаснењето пожари. Водата се доведува од 2 км оддалеченост со помош на долго црево и пумпи, а полнат од базенот сите кои гаснат, согладно моќностите, потребите и наредбите, информираа од ЦУК.

Поврзани новости