Австрија ќе донира милион вакцини за земјите од Западен Балкан

by Fokus

Австрија планира да испрати милион дози вакцини против Ковид19 на земјите од Западен Балкан, порача денеска канцеларот Себастијан Курц.

„Покрај ова ние исто така сакаме да помогнеме билатерално, како Република Австрија и како влада одлучивме дека ќе им доставиме милион вакцини на земјите од Западен Балкан“, рече Курц на прес конференција по самитот во Виена.

Поврзани новости