Адвокатот кој го застапувал виенскиот напаѓач: Неговата сопствена мајка го пријави дека се радикализирал

by fokus

Терористот од Виена, Кујтим Фејзулахи осомничен за вчерашниот напад во центарот на австриската метропола, во 2018 година, кога имал 18 години отпатувал во Турција од каде планирал да се префрли во Сирија каде требало да стане дел на Исламската држава.

Осуден бил, а во затвор требало да биде до летото 2020 година, но бил порано пуштен бидејќи станувало збор за помлад малолетник. Во затворот ја поминал програмата за дерадикализација.

Неговиот адвокат Ники Раст кој го застапувал кога претходно бил осуден за австриските медиуми изјавил дека момчето ги излажало сите.

-Одел во Сирија, а фатен е во Турција. Го пријави неговата сопствена мајка бидејќи се радикализирал. Сите ги излажа и беше условно пуштен“, изјавил адвокатот кој вели дека никако не можел да го предивиди ова.

Во терористичкиот напад кој се случи во Првата зона, во центарот на Виена загинаа четири лица, два повозрасни маж и жена, млад минувач и една келнерка, а бројот на повредени се искачи на 22. Напаѓачот беше идентификуван како дваесетгодишно момче кое имало двојно државјанство од Австрија и Северна Македонија, а неговите родители потекнувале од тетовското село Челопек.

Австрискиот министер за внатрешни работи, Карл Нехамер кажа дека во полициската акција биле уапсени 14 лица меѓу 16 и 25 години.

Како што пишува австрискиот Heute.at осомничениот илегалната муниција ја набавил во Словачка, каде отпатувал со пријателите со автомобилот на мајката на еден од осомничените од Косово.

Поврзани новости