АВМУ: Телевизија Алфа и Нова ги прекршиле стандардите на непристрасно известување

by Fokus

Начинот на известување на ‘ТВ Алфа’ и ‘ТВ Нова’ укажува на прекршување на начелото за објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења, а се забележуваат и елементи кои индицираат можна поврзаност на уредувачките политики, покажува четвртиот десетдневен извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) од мониторингот на медиумското известување за локалните избори, во периодот од 6 до 15 септември.

Според извештајот, тоа особено се забележува во начинот на третирање на темата за мигрантите, за заминување на странски инвеститори од Македонија, објавувањето наводна анкета на МЦМС кој негира дека ја спровел и концентрирање на трансмисија на ставовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Извештајот нотира дека првиот програмски сервис на Македонската радиотелевизија – МРТ 1, при информирањето за политичките партии, целосно бил фокусиран на двете најголеми партии – од опозицијата и од власта, и речиси и да не информирал за другите партии и независни кандидати, кои, исто така, подготвуваат кандидатски листи и имаат активности.

Поврзани новости