Авицена од денеска почнува со бесплатно тестирање за корона вирус

by Fokus

„Авицена“ од денеска почнува со бесплатното тестирање на граѓаните за детекција на корона вирусот. Како што претходно најавија од лабораторијата, располагаат со 5.000 тестови високосензитивни Real Time-PCR тестови за корона вирус (COVID-19).

Тоа е приватната лабораторија што на секојдневните прес-конференции ја споменува министерот за здравство Венко Филипче, која од денеска се вклучува за да помогне да се детектираат побрзо заболените од опасниот вирус.

Овој тип на помош и поддршка е наменета со цел побрзо и поуспешно да се справиме со новонастанатата ситуација, да му помогнеме на нашиот здравствен систем, на сите пациенти и целокупната заедница во која припаѓаме.

Како и за другите пунктови, пациентите ќе бидат примени исклучиво само по претходно закажан термин преку матичниот лекар и системот МОЈ ТЕРМИН.

 

 

Поврзани новости