Авировиќ не присуствува на седницата за гласање за доверба на Владата

by fokus

Пратеничката од Социјалистичката партија на Македонија и коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Владанка Авировиќ не присуствува на седницата на која се гласа за доверба на Владата. Претседателот на Собранието, Талат Џафери го прочита нејзиното име меѓу пратениците кои го известиле дека се спречени да присуствуваат на денешната седница.

Авировиќ не беше ниту потпишана на документот кој до Собранието го испратија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а со кој бараат на Владата на Зоран Заев да и се изгласа недоверба.

На седницата пред пратениците ќе се обрати и премиерот Заев, а ќе говори и еден од пратениците кои го поставија прашањето за доверба на Владата.

Поврзани новости