Авион со мртов патник слетал на скопскиот аеродром

by fokus

На скопскиот аеродром синоќа на полноќ слетал авион, кој тргнал од Базел, а во него имало веќе починат патник. Патникот е 74-годишниот К.К. од Гостивар.

„На 23.04.2019 година во 00,27 часот на Граничниот премин „Меѓународен aеродром-Скопје“ пристигнал воздухоплов што сообраќал на релација Базел-Скопје и било пријавено дека во него имало лице кое не дава знаци на живот. Во 00,50 часот од страна на лекар констатирана била смрт без траги на насилство кај К.К.(74) од Гостивар. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството“, соопштија од МВР.

Поврзани новости