Аудио снимка од пилотот и контролорите пред падот на авионот „Цесна“

by fokus

Бугарските медиуми објавија аудио снимка од дијалогот што го воделе контролорите во Македонија и пилотот кој управувал со авионот „Цесна“, кој вчера се урна кај Солунска глава.

Според снимката таткото на семејството, Георги Бошнаков, стапил во контакт со контролорите бидејќи почувствувал турбуленции додека управувал со леталото.

Во еден момент контролорот го прашува Бошнаков дали се уште има турбуленции, а тој вели дека нема, но дека има голем облак низ чиј процеп може да ја види земјата.

-Се обидуваме да избегнеме еден поголем облак – вели Бошнаков.

Комуникацијата прво се одвива на англиски јазик, а потоа на македонски. Еден од контролорите го упатува пилотот на Запад, по што се губи нивната комуникација.

Потоа следи дијалог меѓу контролорите на летањето:

„Може да се прелета над Солунска Глава, нема облаци, сигурно е и чисто со база од над 300 метри над врвот“.

„Да, ама пилотот јави дека е турбулентно и го снема од радар“, разговараат контролорите.

После се слуша од контролата на летање од Скопје како го повикуваат Бошнаков, но нема одговор.

Видеото и разговорот во студиото може да се види на следниот линк dnes.bg,  а делот со комуникацијата меѓу Бошнаков и контролорот почнува од 11.36 минута.

Поврзани новости