Ауди се судрило со Пежо и со Шкода па се запалило, возачот на Шкодата починал

by Фокус

Денес рано наутро се случија тешка сообраќајна незгода на булеварот „Србија“. Како што информираа од МВР; патничко моторно возило „Ауди А4“ управувано од Ѓ.Д.(28) од Скопје се судрило во патничко моторно возило „Пежо 207“,  управувано од А.М.(60) од Скопје, а потоа преку тревникот поминалo на коловозните ленти од спротивната насока и удрило во оградата на бензинската пумпа, по што удрило во такси возило марка „Шкода Октавијa“ управувано од Т.Ј.(58) од Скопје. По незгодата, возилото „Ауди А4“ се запалило и целосно е опожарено.

„Во сообраќајната незгода на место на настанот починал Т.Ј., додека тешка телесна повреда (фрактура на колено) е констатирана кај сопатникот од „Ауди А4“  Б.М.(21) од село Сопиште.  Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Поврзани новости