Аца Лукас доаѓа на афтерворк забава во Скопје

by fokus

Српскиот турбо фолк пејач Аца Лукас за прв пат ќе настапи на една од популарните афтерворк забави во Скопје.

Тој ќе има настап во локал во молот Ист Гејт на шести мај, со почеток од 17 часот, а резервациите веќе започнале.

Лукас е редовен гостин во земјава. Освен големите концерти кои ги има одржано во Скопје, во тек на летниот период често има настапи во локали во Охрид.

И покрај тоа што важи за контроверзна личност, сепак интересот за неговите гостувања секогаш е голем, а влезниците за концертите се распродаваат во рекорден рок.

В.К.

Поврзани новости