Атлетико нема да дозволи регистрирање на Гризман

by lali

Атлетико Мадрид испрати барање до Ла Лига да го блокира регистрирањето на Гризман во екипата на Барселона.

Минатата недела Барселона го соопштија трансферот на Гризман откако тие ја исплатија неговата клаузула која имаше вредност од £108 милиони.

Управата на мадридскиот клуб тврди дека каталонците го договориле трансферот на францускиот напаѓач пред први Јули, кога цената на неговата клаузула изнесувала £180 милиони.

Претседателот на Ла Лига, Тебас изјави дека клубот од ,,Ванда Метрополитано” веќе испратиле барање до нив за блокирање на регистрирањето, но додаде дека тој проблем мора да го решат организациите и дека тие немаат право да одлучат за нешто што може да им штети на некој од клубовите.

Поврзани новости