Атиџе и гледаше на кафе на Сара Џесика Паркер

by fokus

Атиџе Муратова, ѕвездата на „Медена земја“, ќе биде можеби најживописната личност што в недела ќе се појави на доделувањето на Оскари, каде што македонскиот документарец „Медена земја“ има две номинации. До победата на филмот на Санденс пред една година, Атиџе живееше во земјена колиба без струја и вода во зафрлена област во Македонија, а сега е славна личност и во Холивуд, пишува агенцијата Франс прес, а пренесе СДК.

Сега, тоа е првиот филм во историјата кој добил номинации за Оскар во две категории – најдобар документарец и најдобар странски филм, а Атиџе стана славна личност која холивудските ѕвезди ја застануваат на улица.

„Сара Џесика Паркер беше многу возбудена што ја сретна Атиџе откако го гледала филмот. Атиџе ѝ предвиде иднина гледајќи ѝ на кафе“, вели продуцентот Атанас Георгиев.

Кога Атиџе заминала за Скопје да го проба фустанот што ќе го носи на свеченоста во Лос Анџелес, ѝ требале 20 минути за да помине 200 метри, бидејќи толку многу луѓе сакале да се сликаат со неа.

„Луѓето ја сакаат. Таа стана ѕвезда. Немаме избор освен некако да се носиме со тоа. Антрополошки, не би требало да го правиме тоа, но имаше голем притисок од јавноста во Македонија таа да оди на Оскарите“, додаде Георгиев.

Поврзани новости