Атанасов влегува во образование, Калеска Ванчева нов пратеник во редовите на СДСМ

by fokus

Пратеникот Петар Атанасов од СДСМ на 23 овој месец поднел оставка на функцијата, која треба да биде констатирана на седницата закажана за 29 август.

На истата седница, како што информираат од Собранието, се очекува Атанасов да биде избран за заменик-министер за образование и наука.

На местото на Атанасов, како што јавува МИА, во собраниските клупи треба да седне Снежана Калеска Ванчева од листата на СДСМ во Изборната единица 1.

Поврзани новости