Атанасов: СДСМ веднаш ќе го укине екстерното

by Фокус 12:28
12:28

Новата влада предводена од СДСМ во првите 100 денови ќе го укине екстерното образование, и ќе ги растерети професорите, учениците и родителите, рече вчера претседателот на Комисијата за образование на СДСМ, Петар Атанасов, кој беше помеѓу граѓаните на Македонски Брод.

-Ќе направиме наставниците да бидат посветени, а учениците да бидат мотивирани. Ќе го зголемиме квалитетот на образованието и ќе го намалиме бројот на програмски содржини и предмети. На нашите деца ќе им обезбедиме и поквалитетни учебници и нивна дигитализација. СДСМ посветено ќе работи за подобрување на образовниот процес, да се изедначиме со земјите од Европската Унија и со тоа да ставиме крај на хаосот што го остави оваа расипничка власт, рече Атанасов.

Како што велат од СДСМ, граѓаните искажале незадоволство од власта во заминување, сиромаштијата, невработеноста, лошиот животен стандард, иселувањето на младите и лошата инфратруктура.

Поврзани новости