Атанасов: На Никола Груевски не му се допаѓа да ги гледа студентите на улица

by Фокус 19:51
19:51

На Никола Груевски не му се допаѓа да ги гледа студентите на улица. Не му се допаѓа големата река студенти, која отворено и се спротивстави на власта борејќи се за своите права. Студентите знаат дека оваа власт дебата не дозволува. Со вакви обвинувања на адреса на владејачката партија излезе денеска претседателот на комисијата за образование и наука на СДСМ, Петар Атанасов.

Според него, професорите се тие кои оценуваат, а не владата. Уште еднаш нагласи дека опозиционерите се против воведување на екстерното тестирање.

- Advertisements -

–  Студентите  побараа никој да не им го попречува уставното право на образование, да студираат на универзитет каде ќе се почитува автономијата и да бидат оценувани според критериуми кои веќе со години се пракса во високото образование. Што овде не е јасно за власта? – праша Атанасов.

Тој додаде дека студентите сакаат да ги сменат работите на подобро и веруваат дека ќе го направат тоа.

– Тие сакаат да бидат слушнати и сакаат да бидат вклучени. Владата е таа која не сака ниту да ги слушне, ниту да ги вклучи. После вчерашната изјава на Никола Груевски, едно е јасно. Владата се повлекува од првобитната идеја за екстерното тестирање. Но, не целосно! Сега сака да го започне од 2018 година. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е против екстерното тестирање. Ние укажувавме и на лошите последици, но власта остана глува. Власта мора да научи дека професорите се тие кои оценуваат, а не владата. Професорите се тие, кои имаат обврска да ги мотивираат младите генерации да учат, да стекнат знаење и со тоа знаење да го менуваат светот и својата улога во него, а не Владата – додаде Атанасов.

Поврзани новости