Атанасов: Гоце Делчев е Македонец, со кој памет некој преговара?

by Фокус

Поранешниот пратеник и заменик-министер за образование од редовите на СДСМ, Петар Атанасов, смета дека Гоце Делчев не смее да биде предмет на преговори со Бугарија.

„И во политичка смисла и како државен симбол Гоце Делчев по националност е Македонец. Со кој патем некој се обидува да преговара за неговиот етнички идентитет за кој во науката се знае дека има објективни и субјективни елементи. Таа тема не смее да биде на дневен ред“, напиша Атанасов на Твитер.

Инаку, тој се повлече од СДСМ и од функцијата во образование, бидејќи, како што образложи, промените во образованието кои ги навестувале не ги остварувале.

Поврзани новости