Атанасоски: Мицкоски калкулира што побрзо и побезболно ќе го донесе на власт

by fokus 13:38
13:38

Продолжува сагата за рефенрендумот кој го најавува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.  Иако се очекуваше референдумското прашање да биде дефинирано после втори август, тоа не се случи.

Сега најавите се дека прашањето, како и останатите детали за иницијативата за референдумот ќе бидат познати до септември.

Можно ли е, на крајот, сепак до референдум воопшто да не дојде?

Политикологот и аналитичар, Благојче Атанасоски вели дека сето тоа ќе зависи од притисокот на меѓународната заедница врз опозицискиот лидер и колку тоа ќе вроди со плод.

КАЛКУЛАЦИИИ И ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ

Мене ако ме прашате, не се сомневам дека лидерот на опозицијата, можеби по налог на неговиот претпоставен од Будимпешта би тргнал во операција на организација на референдум, но ако добро се сеќаваме и за спроведувањето на пописот имаше таква иницијатива, па на крајот од тоа испадна „се тресеше гората, се појави глушецот “, односно едно големо ништо, вели Атанасоски.

Според него, во моментов Христијан Мицкоски калкулира која политичка одлука би му донела повеќе политички поени, односно што побрзо и побезболно ќе го донесе на власт.

Во однос на тоа дали ВМРО-ДПМНЕ со своето однесување го разводнува револтот што се созаде кај голем број граѓани за францускиот предлог, Атанасоски вели дека опозицијата ги радикализираше протестите, ги јавна буквално на еден сеопшт народен бран на незадоволство со цел да ќари одредени политички поени.

По приемот на лидерот на опозицијата во седиштето на ЕУ кај нас , започнаа одморите за сите, па така и за него во Црна Гора, и наеднаш како со магично стапче протестите замреа, заклучува политикологот.

Тој смета дека веројатно вордингот за одрживање на референдум е само реторика на опозицијата да не го навлече гневот на народот дека и таа учествува во „предавството“.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Катерина Смилева Божиновска

Поврзани новости