Асоцијацијата за цистична фиброза утре на протест пред Влада: Ќе се збогуваме со Благојче

by Fokus

Асоцијацијата за цистична фиброза вечерва преку својот фејсбук-профил најави дека нејзини членови утре во 14 часот ќе излезат пред зградата на Владата од каде ќе се збогуваат со Благојче Илијевски кој почина чекајќи го лекот „трикафта“.

Од Асоцијацијата во објавата велат дека не постои поголемо кршење на човековите права од тоа да се дозволи да умираат луѓе од болести за кои има лек.

„Заради ова, Асоцијацијата за цистична фиброза утре во 14 часот пред Влада ќе се збогува со еден од своите најактивни членови Благојче Илијевски, како жртва на системот и кој заради инертноста на системот од надлежните институции и заради тромите бирократски процедури, почина прерано, чекајќи го лекот `трикафта`. Со едноминутно молчење, свеќи и цвеќе АЦФ и официјално ќе се збогува со својот соборец, во исто време, кога во Битола ќе бидат погребани неговите посмртни останки“, се наведува во објавата.

Поврзани новости