Асистентите и научните соработници со писмо до Јанкуловски: Ивановски да биде избран за декан

by Fokus

Дваесет и четворица научни соработници и асистенти од Стоматолошкиот факултет во Скопје упатија писмо до ректорот проф. д-р Никола Јанкуловски со кое бараат да се избере проф. д-р Ќиро Ивановски за декан на факултетот. Ова е трето барање до ректорот да дозволи Ивановски да се избере за декан. Писмо претходно испратија професорите, а по нив и студентите и специјализантите на Стоматолошкиот факултет.

Во прилог, целото барање:

„Како што сте информирани од нашите колеги, професори, студенти и специјализанти на Стоматолошкиот факултет во Скопје, на 12.12.2016 година беше утврден единствен кандидат за декан на нашиот факултет – проф. д-р Ќиро Ивановски. До денеска не објаснивте зошто не го избравте кандидатот што беше утврден со мнозинство гласови од страна на Наставно-научниот совет на факултетот и не го доставивте Вашиот предлог до Универзитетскиот сенат на потврдување. Згора на тоа, назначивте в.д. декан на нашиот факултет.

Како членови на академската заедница и вработени на овој факултет, бараме од Вас да ја преиспитате одлуката за назначување на в.д. декан и да го изберете проф. д-р Ќиро Ивановски за декан на Стоматолошкиот факултет. Воедно, бараме од Вас да ја почитувате одлуката на Наставно-научниот совет на факултетот. Сметаме дека како единица во состав на Универзитетот утврдивме кој најмногу може да придонесе за развој и унапредување на факултетот. Почитуваниот проф. д-р Ивановски ужива углед кај професорите, научните соработници, асистентите, студентите и специјализантите. Тоа, недвојбено го потврди и Наставно-научниот совет на факултетот и го утврди професорот за единствен кандидат за декан.

Со ова барање, силно застануваме на страната на автономијата на факултетот. Убедени сме дека ќе постапите соодветно и ќе ја почитувате одлуката на Наставно-научниот совет на факултетот, како и волјата на наставниците, научните соработници, асистентите, студентите и специјализантите од Стоматолошкиот факултет. Цврсто веруваме дека факултет кој тежнее кон понатамошен развој и унапредување на наставната, научно-истражувачката и апликативната дејност ќе придонесе и за успешноста на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје“.

Потписници на барањето се:

1. Асс. д-р Гордана Апостолова, с.р.
2. Асс. д-р Сашко Богдановски, с.р.
3. Асс. д-р Анета Ангеловска, с.р.
4. Асс. д-р Атанас Шуков, с.р.
5. Асс. д-р Соња Петкова, с.р.
6. Науч. сор. д-р Соња Миндова, с.р.
7. Науч. сор. Катарина Дирјанска, с.р.
8. Науч. сор. Стевица Ристоска, с.р.
9. Науч. сор. Кристина Митиќ, с.р.
10. Науч. сор. Емилија Стефановска, с.р.
11. Науч. сор. Марина Ефтимоска, с.р.
12. Науч. сор. Емилија Бајрактарова Вељакова, с.р.
13. Асс. д-р Весна Јуруковска Шотаровска, с.р.
14. Асс. д-р Марјан Петков, с.р.
15. Науч. сор. Мери Павлевска, с.р.
16. Науч. сор. д-р Александар Димков, с.р.
17. Асс. д-р Билјана Богдановска, с.р.
18. Асс. д-р Марија Манева Ристовска, с.р.
19. Асс. д-р Весна Филиповска, с.р.
20. Науч. сор. д-р Наташа Ставрева, с.р.
21. Науч. сор. д-р Олга Кокочева Ивановска, с.р.
22. Науч. сор. д-р Сања Панчевска, с.р.
23. Науч. сор. д-р Едвард Јанев, с.р.
24. Асс. д-р Ирена Гавриловиќ, с.р.

Поврзани новости