Во Турција се апсат војници, се разрешуваат судии

by Фокус

По синоќешниот неуспешен обид за државен удар, турската полиција уапси денеска стотици воени офицери во воените бази низ земјата, а севкупно уапсени се 2.800 војници.

Весникот „Хуриет“ објави дека некои од уапсените војници изјавувале дека не знаеле дека се дел од обид за воен удар и оти командатите им кажале дека учествуваат во воена вежба

Освен тоа, Високиот совет на судии и обвинители на оваа држава од своите должности се разрешени 2.745 судии.

Како што јави агенцијата Анадолија, покрај судиите, разрешени се и петмина членови на Советот, кој е највисоко судско тело во Турција.

Поврзани новости