Силјановска по изборот за претседателски кандидат на ВМРО: Јасно ми е дека не може да се победи на избори без силна партија

by Фокус

Јасно ми е дека не може да се оди на избори, а камо ли да се победи ако зад вас не стои силна партија, но ако некој добил таква поддршка има обврска да се држи до она најважното – само владеењето на правото не води кон ЕУ, изјави универзитетската професорка Гордана Силјановска – Давкова во говорот пред дегелатите на ВМРО-ДПМНЕ, кои ја избраа на претседателски кандидат на партијата.

-Еден од првите чекори треба да биде формирање на експертско тело од домашни и странски експерти и да подразмислиме како да ја направиме Република Македонија фунцкионална држава по европски стандари. Еве некои мои размислувања. Во Уставот нема консеквенто формализирана поделба на власта. Собранието може да и изгласа недоверба на владата, владата ќе замине а собранието ќе остане. Тоа не е во ред, треба заедно да живејат и да умираат, за да има спреги и кочници. Понатаму, премиерот не може да смени министер, туку тоа треба да го направи собранието. Владата треба да биде тим со еден премиер, но ние имаме две општества, две влади и тоа не може така да функционира. Понатаму, во Уставот мора да се регулира положбата на Уставниот суд… – рече Силјановска.

Таа ги отфрли критиките дека била националист, истакнувајќи дека е родена во турска куќа, а од 10 години има албанско побратимство.

 

Поврзани новости