Што откриваат биографиите на министрите во новата влада на Заев?

by Фокус 15:53
15:53

СДСМ синоќа, во име на парламентарното мнозинство, во парламентот достави предлог на членови на новата влада предводена од Зоран Заев. Во неговата влада ќе членуваат Радмила Шеќеринска (одбрана), Оливер Спасовски (МВР), Биљен Саљији (правда), Никола Димитров (МНР), Драган Тевдовски (финансии), Крешник Бектеши (економија), Љубчо Николовски (земјоделство), Арбен Таравари (здравство), Рената Десковска (образование), Мила Царовска (труд и социјала), Сухејл Фазлиу (локална самоуправа), Роберт Алаѓозоски (култура), Дамјан Манчевски (информатичко општество), Горан Сугарески (транспорт и врски), Садула Дураку (животна средина), додека за министри без ресор предложени се Кочо Анѓушев, Бујар Османи, Роберт Поповски, Едмонд Адеми, Хазби Лика, Аднан Ќахил, Самка Ибразимовски, Рамиз Мерко, Зорица Апостолоска, Зоран Шапуриќ. Што откриваат нивните биографии за кои утре и задутре ќе расправаат пратениците?

БИОГРАФИЈА НА ЗОРАН ЗАЕВ

Зоран Заев

Зоран Заев е претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

По победата во Струмица на локалните избори во 2013 го почнува својот трет последователен мандат како градоначалник на овој град, и оваа функција ја извршува до декември 2016 година.

Добитник е на наградата за најдобри практики од Советот на Европа за првото јавно – приватно партнерство во Република Македонија, имплементирано во изградбата на објектот „Глобал”. Општина Струмица под негово водство е добитник на највисоко државно признание во областа на екологијата (2007 – 2008 година).

Во периодот од 2003 до 2005 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија.

Заев е претседател на СДСМ од 2013 година. На VIII Конгрес на СДСМ во 2008 година е избран за в.д. претседател на партијата, функција која ја вршеше до IX Конгрес кога беше избран за потпретседател на Централниот одбор на партијата. Заев бил потпретседател на Централниот одбор на СДСМ и во периодот од 2006 до 2008 година. За време на парламентарните избори во 2006 година бил шеф на Регионалниот Изборен Штаб за 4та изборна единица. Во два мандати бил и член на претседателството на општинската организација на СДСМ Струмица.

Професионалната кариера ја започнува како вработен во „Тргопродукт“ – Струмица во периодот од 1997 до 2003 година, а од 2001 бил и директор на истото претпријатие. Бил член на Управниот одбор на штедилницата „Пеон“ (1998 – 2003), како и на Управниот одбор на Индустријата за градежни материјали „Еленица” (2001 – 2003). Во периодот од 2000 до 2003 година ја врши функцијата Претседател на управниот одбор на ЈПКД „Комуналец” – Струмица.

Дипломирал на Економскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1997 година. На истиот универзитет бил на постдипломски студии по монетарна економија и финансии.

Роден е на 8 октомври 1974 година во Струмица. Оженет со Зорица Заева со која има две деца, Александра и Душко.

БИОГРАФИЈА НА РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА-ЈАНКОВСКА

Радмила Шекеринска-Јанковска е актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија. Таа ги претставуваше граѓаните во највисокиот законодавен дом во тек на четири мандати (1998-2002, 2006-2008, 2008-2011 и 2011-2014). Раководеше со Националниот совет за европски интеграции од неговото основање до 2014 година. Беше член на повеќе комисии: Комисија за надворешни работи, Комисија за труд и социјална политика, Комисија за европски прашања, Комисија за млади и животна средина и Комисија за образование. Воедно, учествуваше во делегациите на Собранието за соработка со Европскиот парламент, Интерпарламентарна унија и други билатерални делегации.

Во 2002 година до 2006 година беше Заменик претседател на Владата на Република Македонија задолжен за европска интеграција и координатор за странска помош. Во тоа својство, ја подготвуваше кандидатурата на Република Македонија за членство во Европската унија и го раководеше процесот на внатрешни подготовки за обезбедување на кандидатскиот статус. За време на нејзиниот мандат, Република Македонија го доби статусот на земја кандидат за членство во Европската унија.

Во 2009 и 2012 година, Шекеринска беше избрана за Шеф на набљудувачките мисии на ОБСЕ/ОДИХР за претседателските и парламентарлни избори во Киргистан и во Ерменија.

Шекеринска е добитник на наградата Млад глобален лидер, која ја доделува Светскиот економски форум. Наградата беше доделена за нејзиниот ангажман и посветеност на полето на европските интеграции на Западниот Балкан.

Радмила Шекеринска-Јанковска е член на групата Munich Young Leaders формирана во рамките на Минхенската конференција за безбедност (Munich Security Conference). Беше членка на Европскиот Стратешки Форум, на Советодавниот одбор на проектот Schengen White List и на Советот на Institute for Cultural Diplomacy.

Радмила Шекеринска беше претседател на СДСМ од 2006 до 2008 година. Таа е единствената жена која досега раководела со една од големите политички партии во Република Македонија.

Во 2008 година беше избрана за еден од потпретседателите на Социјалистичката интернационала (СИ), функција што ја обавуваше до 2011 година. Член е на Претседателството на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) која ги обединува социјалдемократските, социјалистички и лабуристички партии во Европа.

Радмила Шекеринска-Јанковска е магистер по меѓународни односи на Флечер школата за право и дипломатија на Универзитетот Тафтс во САД. Дипломирала на Електротехничкиот факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје.

Зборува англиски и француски јазик.

БИОГРАФИЈА НА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ

Оливер Спасовски е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија на Предвремените парламентарни избори одржани во декември 2016 година. Ова е негов трет мандат како пратеник.

Образование:

Основно и средно училиште завршува во Куманово.

Дипломира на правниот факултет „Јустинијан I” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во моментов е магистрант по управно право на правниот факултет „Јустинијан I” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Зборува англиски и француски јазик.

Професионална кариера:

Во 2000 година работел како адвокатски приправник.

Од 2001 до 2005 година работи како советник на градоначалникот на Куманово.

Од 2008 до 2011 година работи како секретар на Општина Куманово.

Партиска кариера:

Од 1999 година бил член на Претседателството на Општинската организација на СДСМ Куманово.

Во периодот од 2000 до 2003 година бил секретар на Општинската организација на СДСМ Куманово.

Во периодот од 2003 до 2004 година бил член на Претседателство на Централниот одбор на СДСМ.

Од 2005 до 2006 година бил организационен секретар на СДСМ.

Во 2013 година е избран за Генерален секретар на СДСМ.

Политичка кариера:

Од 11 ноември 2015 до 18 мај 2016 година Спасовски ја извршуваше фунцкијата Министер за внатрешни работи, во Владата која требаше да обезбеди услови за спроведување на фер и демократски избори.

На 2 септември 2016 година тој повторно беше избран за Министер за внатрешни работи и оваа функција ја извршуваше до 28 декември 2016 година, кога Државната изборна комисија ги соопшти конечните резутлати од одржаните Предвремени парламентарни избори 2016.

Во периодот од 2006 до 2008 и од 2011 до 2014 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија.

Во мандатот од 2011 до 2014 година е претседател на Парламентарната група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Украина и член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, Парламентарната група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, Парламентарната група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Португалската Република и Парламентарната група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Словенија.

Оливер Спасовски е роден на 21.10.1976 во Куманово. Оженет e со Катерина со која имаат две деца.

БИОГРАФИЈА НА БИЛЕН САЉИЈИ

Дата на раѓање: 23 јуни 1975 година

Место на раѓање: Добри Дол, општина Врапчиште

Брачна состојба: Оженет, татко на три деца.

 Образование:

  • Високо образование – Правен факултет – Државен универзитет во Тетово, Тетово;

  • Средно образование – Гимназија “Панче Поповски”, Гостивар.

  Работно искуство:

  • 2005 2009 Советник за односи со јавностаопштина Врапчиште;

  • 2009 – 2011 Директор, ЈКП Врапчиште – општина Врапчиште;

  • 2011 2017 Директор, Државен инспекторат за шумарство и ловство

Други квалификации:

  • Положен правосуден испит

  • Положен нотарски испит

 Познавање на јазици:

  • Албански

  • Македонски

  • Англиски

БИОГРАФИЈА НА НИКОЛА ДИМИТРОВ

Датум на раѓање:30 септември 1972

Место на раѓање: Скопје, Република Македонија

Брачен статус: Женет, три деца

 М-Р НИКОЛА ДИМИТРОВ

Професионално искуство

2017 – денес Надворешен експерт при Меѓународниот центар за правна

Соработка, Хаг, Кралство Холандија

 2014 -2017 Истакнат член на Хашкиот институт за глобална правда,

Хаг, Кралство Холандија

2011-денес Член на Постојаниот суд за арбитража, Хаг, Кралство Холандија

2009–2014 Вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Хаг, Кралство Холандија; Постојан претставник на Република Македонија при Организацијата за забрана на хемиско оружје

2008-2011 Ко-застапник на Република Македонија пред Меѓународниот суд на правдата (Примена на Времената спогодба од 1995 година)

2007-2008 Специјален пратеник на Владата на Република Македонија за европски и евроатлантски интеграции во Брисел, Кралство Белгија

2006 – 2009 Национален координатор за интеграција на Република Македонија во НАТО

2003 – 2008 Специјален пратеник на Република Македонија во разговорите за надминување на разликата околу името со Република Грција под покровителство на Обединетите Нации

2001 – 2006 Вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Вашингтон, Соединетите Американски Држави

2000 – 2001 Советник за национална безбедност на Претседателот на Република Македонија

2000 Заменик министер за надворешни работи на Република Македонија

1996 – 2000 Соработник, Одделение за човекови права, Директорат за мултилатерални односи, Министерство за надворешни работи на Република Македонија

Образование

денес Докторант при Институтот за безбедност,одбрана и мир,

Филизофски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј

1997-1998 Магистер по правни науки на Универзитетот во Кембриџ,

Обединетото Кралство

1991-1996 Дипломиран правник, Правен Факултет,

Универзитет Св. Кирил и Методиј

Студент на генерацијата и добитник на наградата 26 јули, Фондација Франк Манинг

Дополнителни активности

2016 –денес Член на Советодавниот одбор, ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии, Скопје, Република Македонија

2015 – денес Член на Балканот во Европа, Советодавна група за политики, Европски фонд за Балканот и Центар за ЈИЕ студии при Универзитетот во Грац, Австрија

2015 – денес Член на Управниот одбор, Фондација за интегрирано образование, Скопје, Република Македонија

2012 Сертификат за професионална обука,

Џон Ф. Кенеди Факултетот за администрација при Универзитетот Харвард, Лидери во ЈИЕ

1999 – денес Многубројни публикации, анализи и колумни во домашни и

меѓународни медиуми

1996 – 2001 Демонстратор на Правниот факултет при УниверзитетотСв. Кирил и Методиј”, Меѓународно јавно право и Меѓународно право за правата на човекот

1993-1994 Секретар за образование, Сојуз на студенти при Универзитетот

Св. Кирил и Методиј”