Пропадна продажбата на 1 ТВ, инвеститорот се откажал поради големиот долг

by Фокус 17:07
17:07

Пензионерот Богдан Дамјаноски, кој склучи договор за купување на 1 ТВ, ќе го раскине договорот. Како што изјавил тој за ИРЛ, настапувал во име на инвеститор кој се премислил, бидејќи првичниот договор бил на помала сума од оние 400.000 евра, кои ги утврди УЈП по основ на неплатени даноци. Дамјаноски посочува дека инвеститорот бил негов пријател кој живеел во Холандија и сакал да почне бизнис во Македонија.

-Јас сум пензионер, поранешен градежен инжинер, но сега работам како консултант. Така дојде и до оваа соработка со 1 ТВ, за која имаше заинтересиран инвеститор. Јас од целата зделка ќе заработев некој денар – изјавил Дамјаноски, чин син, патем речено, работел во македонската подружница на веќе банкротираната Алипе Бау.

- Advertisements -

Поврзани новости