Обвинителството истражува каква е улогата на тајните агенти на „крвавиот четврток“

by Фокус

Одделот за организиран криминал и корупција при Јавното обвинителство ги истражува сомнежите дека на 27 април во Собранието имало и тајни агенти на безбедносните служби, која била улогата на тајните агенти, нивниот мотив и влијание кон фактичката состојба во насилството во крвавите настани, објави телевизијата Алсат М.

Од Јавното обвинителство не даваат информации кои агенти конкретно се истражуваат, под образложение дека ова може да и наштети на предистражната постапка, но извори на телевизијата од обвинителството објаснуваат дека сомнежите за вклучување на агенти на 27 април ги потврдуваат постапките на маскираните лица, кои таа ноќ беа во собраниската сала.

Работната група при МВР која состави извештај за крвавите настани во Собрание, наведе дека меѓу насилната толпа е потврдено присуство на тајните агенти кои таа ноќ не биле на работна задача, а дисциплински мерки се преземени кон двајца агенти на УБК кои по крвавите настани се обиделе да ги земат снимките од безбедносните камери.

Поврзани новости