Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на денешниот прес во централата на МВР најави дека ќе бара повлекување од министерската позиција, бидејќи чувствува морална одговорност за вчерашните инциденти во парламентот.
Нухиу изјави дека чувствува одговорност поради тоа што, како што рече, за периодот од 4 месеци додека се наоѓа на оваа позиција, не влијаел довоолно во насока на деполитизација на дел од полициските структури, која, според него, очигледно постои.
Но, прет да замине од функцијата тој најави дека ќе даде се од себе да сносат одговорност сите припадници на МВР кои вчера не делувале согласно уставот и законите, туку биле под политички влијанија, при што го спомена директорот на јавната полиција Митко Чавков, кој вчера до 20 часот бил недостапен за министерот.