Милошоски: Ќе видиме дали ќе поднесам кандидатура за лидер на ВМРО, има време

by Фокус

Оставката на Никола Груевски ќе биде прифатена, бидејќи ја најави како неотповиклива, изјави Антонијо Милошоски пред одржување на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тој најави дека денеска ќе се утврди дневниот ред на конгресот кој што е закажан на 23 декември, како и рокот за доставување на кандидатури за избор на нов претседател на партијата.

– Кандидатурите ќе треба да се поднесат неколку дена пред конгресот, а кандидатите ќе треба да ги исполнуваат условите согласни статутот на партијата. Статутот е тој што го имаат прифатено и изгласано сите членови, делегатите ќе бидат исти без да бидат менувани кои биле на претходниот конгрес. Помалку е битно новото име за претседателот на партијата, повеќе е битен новиот концепт за делување на партијата како една здрава опозиција. Ќе видам дали ќе поднесам кандидидатура има време. Важно е да имаме добар избор – рече Милошоски.

Поврзани новости