Макстил: Не се познати причините за пожарот, погонот каде се запали железото не работи од 29 април

by Фокус

Од компанијата „Макстил“ соопштија дека се уште не се познати причините за пожарот што синоќа изби кога беше запалено отпадно железо во производниот погон Челичарница, бидејќи, како што велат од таму, погонот не работи од 29 април.

„Нема повредени и нема причинета материјална штета. На терен од сношти се инспекциските служби и раководството на компанијата. Сите дополнителни информации во врска со настанот ќе и бидат соопштени на јавноста“, стои во соопштението на компанијата.

Во него се наведува дека пожарот е изгаснат и оти се преземаат мерки за утврдување на причините за негово настанување.

Поврзани новости