Уапсениот македонски државјанин во Србија купувал планови за да изработи машина за оружје

by Фокус

По налог на обвинителството, три лица од Србија и еден Македонец беа уапсени во Србија и добија 48-часовен притвор поради незаконски дејства при трговија со оружје. Како што јави „Радиотелевизија Србија“, поранешен инженер во фабриката фабриката „Први Партизан“ од Ужице, конструктор во Погонот за алати од Пожега и проектант на машини од Ужице се осомничени за продажба на проекти и документи за производство на муниција и оружје. Четвртиот приведен е сопственикот на „Арс група“ од Скопје, кој, пак, ги купувал плановите.

Според првичните информации од истрагата, објавени „Вечерње новости“, повикувајќи се на оперативните сознанија на БИА и Вишото јавно обвинителство во Белград и во Краљево, двајцата сегашни и еден поранешен вработен во „Први партизан“ веќе подолго време недозволено ја присвојувале и изнесувале техничката документација, со цел остварување на материјална корист добиена од конкурентни компании, пред се, од Северна Македонија, Катар и Босна и Херцеговина.

„Пензионираниот инженер Боривоје Г. во понеделникот се состана со Шефќет Д. во белградскиот хотел „Хилтон“ за да се договори за собирање и доставување на документација од поранешен работник во „Први партизан“. Според сегашните информации, Боривоје Г. за споменатиот сопственик на „Арс груп“ на претходна средба на 16 октомври во белградскиот хотел „Константин Велики“, во форма на аванс добил околу 30.000 евра. За останатиот дел, постојат сомнежи, дека веројатно требало да добие ист износ, по завршување на работата односно по достава на целата документација“, објави „Вечерње новости“.

Инаку, „АТС Груп“ во јули оваа година инвестираа три милиони евра во фабрика во Македонија, во индустриската зона Визбегово, каде се произведуваат производи од композитни материјали за безбедносните служби. Помеѓу останатите, споменат е и Македонски државјанин со инцијали Ш.Д. сопственик на компанијата „Арс Група“. Во трговскиот регистар во Македонија не постои таква компанија која се занимава со индустрија слична на онаа од интерес тројцата уапсени, но постои компанија „АТС Груп“ чиј сопственик е Шефшет Демировски.

Српскиот весник „Вечерње новости“ објави дека уапсениот државјанин во Србија е Шевќет Д., кој прибирал докуметација од фабриката за муниција „Први Партизан“ од Ужице, со цел да изработи машина за производство на муниција со калибар 12,7 мм во погоните на некогашната фабрика за муниција „Сувенир“ во Македонски Брод, како и во фабриката за оружје во Катар, каде е косопственик.

Поврзани новости