Мијалкови го шират нафтениот бизнис со нова компанија

by Фокус 15:20
15:20

На 18 април оваа година е формирана компанијата за транспорт, трговија и услуги Поинт Оил Петрол, чиј сопственик е компанија Макпоинт отворена во далечната 1993 година, каде, пак, како сопственик се јавува ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков, прв братучед на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, објави Нова.

Како што е познато, набрзо по повлекувањето на Мијалков од јавната функција во 2015 година, неговиот син Јордан Мијалков ја формираше компанијата Бес Веј Инвестмент, која подоцна ја откупи компанијата за складирање и трговија на нафта ОМ Петрол Оил.

- Advertisements -

Законодавството предвидува дека трговија и транспорт на нафта мора да вршат посебни компании, бидејќи компанијата за трговија добива лиценца од регулаторот, додека компанијата за транспорт мора да извади посебни дозволи за транспорт на запаливи материи.

Инаку, Мијалков ја формирал компанијата Макпоинт пред повеќе од 20 години заедно со неговиот брат Владимир Мијалков, за надворешна трговија со прехранбени производи и непрехранбени производи, посредување и застапување во прометот со стоки и услуги, услуги на складирање стоки, реекспорт, меѓународна шпедиција, туристички агенциски услуги

Помладиот од браќата Мијалкови за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Груевски не вршеше јавна функција, туку беше советник во македонската царина.

Поврзани новости